Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.11.2008 19:23 - Лага бр. 15: Србите на чело со Стојан Новаковиќ ги измислиле Македонците во 1888 г.
Автор: lagitenabugarizmot Категория: Новини   
Прочетен: 2200 Коментари: 3 Гласове:
-1



Бугарофилска лага: "Македонската нација, јазик и држава се продукт на великосрпската државна политичка мисла од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Теоријата за нив, формулирана од српските научници Новаковиќ, Цвииќ, и др... беше плод на заклучокот, ???дека бугарското население во Македонија кое останало под власта на Османската империја, после создавањето на бугарската држава во 1878 г... неможе директно да биде посрбено". Новаковиќ јавно пишува: како не можеме да ги посрбиме, нека барем во прво време да го отргнеме тоа население од бугарскиот народ, создаваќи му илузија, дека тоа е една одделна нација. Ако тоа се случи таа ќе биде мала и слаба и ако во иднина влеза во границите на Србија, лесно може да биде посрбена" (извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од Божидар Димитров").

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

Самите овие бугарофилски тврдења, дека Новаковиќ го измислил македонизмот во 1888 г., не само што ја минуваат границата на историската објективност, туку и одат во жанрот на научна фантастика .Овие бугарофилски лаги на современата бугарска историографија, прелесно се демантирани од пишаните дела за Македонците и Македонија од бугарските хроничари, културни и политички дејци од 19 век, пред наводното измислување на македонизнот од страна на Новаковиќ. Постојат премногу написи за македонското национално чувство во текот на 19 век, забележано од перото на тогашните Бугари. 
 

Да видиме како национално се чувствувале Македонците од 1871 г., 17 години пред наводното измислување на македонизмот, од старијата "Македонското прашање" на Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков. Toj пишува: "...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни". Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник ”Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).


Славејков сам ги демантира современиве бугарски историчари, оти неговата статија  "Македонското прашање" се појавува 1871 г., 17 години пред наводното измислување на македонизмот од страна на Новаковиќ. И тоа не постојат само македонци по национално сознание, туку и критична маса која добро ја познавала историјата.

Ќе додадам цитати од бугарскиот учен од 19 век, Атанас Б. Шопов, кој ги демантира своите сонародници од 20 век и вели :„Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана.Под австриска пропаганда се подразбира унијатството во Македонија со Ватикан.

Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание (1878) во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест. Димитар Поп Георгиев Беровски го напишал Уставот на Македонското Востание, каде што спомнува Македонци како етнос во Македонија, 10 години пред бугароската квазитеорија дека Новаковиќ  го "измислил" македонизмот. 
 
 
Според информацијата на католичката сестра Augustine Bewicke од  St. Paul"s Hospital во Солун, која ја доставила  до британската делегација на версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 г. во Солун имало околу 10.000 католици, "словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под Европска контрола" (Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919).

Најголем удар на бугарската пропаганда во Македонија задава проф. по историја. Георги Бакалов, инаку социјалист. Антицарски ориентиран, проф. Бакалов не подлежи на софиската политика на лажење и измислување бугари во Македонија пред бугарската и светската јавност, па ја опишува вистинската состојба на националните чувства на македонците во 1890 година: „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе на прашањето што се по националност ќе ви одговорат дека се МАКЕДОНЦИ и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави “ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22,  Варна 1890 г.).

Ако пак се вратиме 200 години пред постоењето на Новаковиќ, во времето на Каропошовото Востание, пак ќе најдеме само и само македонски народ, како единствен народ во Македонија во тие времиња.

За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ (gens Macedonica) го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“  (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53)

.image

Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност  како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија. (Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун). Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Куцовласи, Цинцари, Грци и Бугари.

Изјаснување на националноста на македонските бегалци во Русија (18 век)

Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiйской имперiи съ 1649 года , Томъ XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови  (Петъръ Кеппенъ, Хронологическiй указатель матерiаловъ для исторiи инородцевъ европейской Росiи, Санктпетербургъ 1864 г. ).  Како Буагри во Русија се изјаснувале остатоците на вистинските турко-бугари тнр. Гагаузи, кои ги задржале своите турки карактеристики и јазк, како и православната вера. До крајот на 19 век, во како Бугари се сметале Гагаузите во Русија и така тие се изјаснувале (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). 

Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна на Иван Хорват  со униформа во македонските национални бои: жолта и црвена (Скальковски, Хронологическое обозърнiе исторiи Новороссiйскaга края, 1731-1823, I, Оддеса 1836). Зачувани се списоците со имињата на македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од нив се изјасниле како припадници на македонската нација ( Централний державний исторический архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб. 6/1756).




Гласувай:
0



1. анонимен - Щапаров Младши:
30.10.2010 03:21
Добре беше професионалният фалшификатор,който е писал горната статия,да бе публикувал снимки на споменатите от него "документи" от XVII-XIX век. Но тоя измамник не се хваща на такива въдици,понеже веднага ще излязат наяве безочливите му лъжи. Ако напъванията на тоя драскач бяха истина,досега да беше взел наградата на Божидар Димитров от 1 милион Евро,приготвена за първия откривател на оригинални исторически документи,датиращи от времето преди ХХ век и доказващи съществуването на "македонска" нация преди 1945 година.
цитирай
2. анонимен - Щ.Младши:
09.11.2010 10:35
Пояснение:
Нашите възрожденци/"преродбеници"/от Македония са чули за името "Македония" от чуждите консули и търговци в Солун,или от гръцките училища. Това име е било отдавна забравено и заклеймено от местните Българи,понеже
/макар и с древен Трако-Български произход/ те са го свързвали със спомените за гръко-римската окупация на региона,когато е било име на римска провинция. Освен това след V-VI век е имало трайна тенденция отделните племенни имена,
ползвани дотогава от древните Трако-Българи,да бъдат постепенно заличавани и измествани от общонародностното име Траки/Блъги/,което в течение на хилядолетията придобило ново звучене.Този процес не успял да обхване в достатъчна степен всички земи на многобройните Скито-Тракийски народи,но на определени етапи е обхванал по-голямата част от тях,включително днешните сърби,украинци,поляци,хървати и руснаци. След разпада на Самуиловата империя и особено след нашествията на монголотатарите през XIII век,от Българската национална територия отпадат окончателно Русия,Полша,Босна и Хърватска,а след турското завладяване в XV век-териториите на Влахия,Албания и Сърбия. Така че,както виждаме от новоустановените факти,"татарите" и тюрките са били най-големите врагове на древна България след гръко-ромеите.
Но за да проумеят тези неща,авторите на блога ще трябва с години да се учат.
цитирай
3. анонимен - Щапаров Младши:
09.11.2010 11:33
Новакович не е първият,който нарича тия хора македонци",а първият,който
предлага македонците да не бъдат считани за Българи,а за отделен етнос.Тази идея не могло да се реализира по негово време,а едва след идването на
сърбокомунистическия окупаторски режим в Скопска България,който имал
подкрепата на Сталин и на марионетното правителство на Георги Димитров,
незаинтересувано от съдбата на поробените Вардарски Българи,а от
нарежданията на Москва.Останалият свят още се възстановявал от войната и не
е имал нито време,нито сили и средства да забележи трагичните събития около
насилственото помакедончване на тези Българи,които и без това били бивши Хитлерови съюзници. ООН и тогава,и сега е една слаба организация,подчинена
на конюнктурните интереси на Големите сили и предназначена да налага тяхната воля,а не справедливостта. Правозащитни организации тогава не е имало за
да протестират,а на никой не му се искало да воюва срещу Сталин,който подкрепял насилственото помакедончване до смъртта си в 1953 г.въпреки привидния разрив с Тито. Светът,едва оцелял в тежката унищожителна война,нямал сили и средства да воюва отново,за да защити малката непопулярна кауза на победените Българи и бил принуден да ги изостави на произвола на Титовите палачи,които не се церемонили,а направо убивали или пращали в смъртоносна каторга онези,които откажели да се пишат македонци.Такова било нареждането на Партията/най-големия враг на България след турците/,и то трябвало да бъде изпълнено съвестно от всички партийни членове като оня Радомирски шоп/временен жител на Крупник/,който се писал "македонец",
понеже Партията така наредила,нищо че нямал произход от Македония.Но сега полъхът на Свободата идва от Родината,свалила оковите на съветско-
комунистическия режим,и достига до всички просветени македонци. В цялата територия на Македония Българщината се възражда и не е далеч времето,
когато самите македонци ще подирят сметка на виновните за тежките
престъпления срещу човечеството,с които са се омърсили.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: lagitenabugarizmot
Категория: Новини
Прочетен: 76273
Постинги: 19
Коментари: 127
Гласове: 23
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930